Беласица загуби од Мачва со гол во 90. минута

Струмичка Беласица загуби со 1-0 од српскиот суперлигаш Мачва Шабац во петтиот пријаталски натпревар по стартот на летните подготовки.

На дуелот кој се играше на Златибор, каде струмичани се на подготовки, во максимално рамноправен натпревар Србите до победата дојдоа со голот на Петар Гргиќ во 90. минута.

Претходно, како што е познато, за време на подготовките на Златибор, Беласица убедливо со 4-1 славеше против босанскиот тим Крупа.

Се вчитува...