Белгиецот Ван дер Хејден ќе му асистира на Јаневски во Вардар!

Поранешниот белгиски репрезентативец Стефан Ван дер Хејден ќе биде прв асистент на Чедомир Јаневски во стручниот штаб на Вардар.

Иако официјално се уште од клубот ништо не се потврдува, Ван дер Хејден веќе се договорил за ангажман во најтрофејниот македонски клуб како прв помошник на Јаневски во следната сезона. 48-годишниот Ван дер Хејден е поранешен капитен на Бриж, а настапувал и за Рода во Холандија како и францускиот прволигаш Лил. Има и четири настапи за белгиската репрезентација.

Во тренерската кариера единствено бил помошник, во Беверен, Локерен и во Бриж во периодот од 2013 до 2017 година, од каде сега се сели во Вардар.

Ван дер Хејден треба да се појави на клупата на „црвено-црните“ до Јаневски веќе на саботниот натпревар од првенството на Македонија против Силекс.

Се вчитува...