Белгиски гигант со понуда за Чурлинов

Дарко Чурлинов е актуелната тема на европската фудбалска берза, откако се појави нов клуб што сака да го доведе македонскиот репрезентативец во своите редови. Шалке се откажа од намерата да го врати Чурлинов откако не се договори со Штутгарт, понуда веќе испрати Барнли од Чемпионшип-дивизијата на Англија, а сега во трката за потпис на Македонецот се вклучи и белгискиот гигант Андерлехт.

Овој тим минатата сезона ја заврши на третото место во белгиското првенство, а сезонава се надева на вмешување во трката за шампионската титула. Веќе се воспоставени првите контакти со раководството на Штутгарт, но „швабите“ сакаат да го задржат Чурлинов како прва резерва во нападот, зад стандарниот Калајџиќ кого го замени во премиерниот меч од сезоната против Лајпциг.

Штутгарт се соочува со финансиски проблеми и нема доволно пари во буџетот за да го доведе Борнеман од Сент Паули како нов дефанзивец. Андерлехт ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и ќе испрати понуда за Чурлинов, во висина од околу 1,5 милиони евра, по што Штутгарт ќе треба да донесе одлука дали да даде зелено светло за заминување на нашиот репрезентативец.

Се вчитува...