Белград беше на нозе – се славеше феноменалниот рекорд на Новак Ѓоковиќ (видео)

Новак Ѓоковиќ од вчера е апсолутен рекордер на тенискиот спорт откако српскиот ас успеа да го урне остварувањето на Роџер Федерер за најмногу седмици на врвот на АТП-листата.

Вчерашното рангирање беше вкупно 311. недела што Ѓоковиќ ја мина како прворангиран светски тенисер, бројка што дополнителено ќе се зголемува со оглед на убедливата предност што ја има во однос на ривалите.

Белград синоќа беше на нозе за да му се поклони на големиот шампион, на неколку локации ширум градот беа пуштани видеа со најдобрите потези на Новак, a централната прослава беше пред ресторанот што е сопственост на Ѓоковиќ, каде тој им се обрати на стотици фанови.

Се вчитува...