Белград ќе биде домаќин на Ф4 во Евролигата во 2027 година!?

Домаќинството е доделено на Абу Дабу, но постојат големи шанси домаќинството на фајнл-форот на Евролигата идната година да биде преместено. Според литванските медиуми, алтернатива се Белград, Валенсија и Каунас.

Белград беше кандидат и оваа година, но раководството се одлучи да го додели на Атина, а следното на Абу Даби.

Меѓутоа поради лошата безбедносна ситуаиција, Евролигата размилува да го смени домаќинството и да го додели на некој друг. Во опција е и Белград, а тоа би било третпат да се одржува во главниот град на Србија, после 2018 и 2022 година коа триумфираа Реал Мадрид, односно Ефес.

Евролигата добро ќе размисли, затоа што во текот на оваа сезона направија преседан. На Израелците им беше дозволено да се вратат дома, потоа војната повторно се вжешти, па мораше да бараат други решенија, додека Дубаи финишот од групната фаза го играше низ други градови во Европа.

Се вчитува...