Белингем останува во Борусија Дортмунд

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем одлучи и следната сезона да биде дел од клубот од „Сигнал Идуна парк“.

Тоа значи дека младиот англиски фудбалер ќе биде главна ѕвезда во летниот преоден рок следната, 2023 година. Најголема заинтересираност за неговиот потпис доаѓа од редовите на минатогодишните финалисти во Лигата на шампионите, Реал Мадрид и Ливерпул.

„Кралевите“ во Белингем гледаат идеална замена за Лука Модриќ и Тони Крос, додека Јирген Клоп веќе подолго време е заинтересиран за неговите услуги.

Белингем во Дортмунд дојде во 2020 година од Бирмингем за 25 милиони евра. За репрезентацијата на Англија досега запиша 15 настапи.

Се вчитува...