Белингем си заминува од Дортмунд на крајот од сезоната, Јунајтед и Ливерпул подготвуваат понуди

Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем многу веројатно дека донел одлука да си замине на крајот од оваа сезона. Ова го тврди германски „Скај“ повикувајќи се на извори блиски до клубот.

Белингем дојде во Борусија како голем талент, и стана еден од најдобрите играчи во средниот ред на Дортмунд, а во меѓувреме стана и англиски репрезентативец.

Манчестер Јунајтед и Ливерпул се подготвени да го откупат неговиот договор од Борусија. Претходно интерес покажуваше и Реал Мадрид, но се очекува Белингем по заминувањето од Дортмунд да се врати во татковината.

Актуелниот договор на 19-годишниот Белингем со Борусија е до 2025 година. Неговата вредност се проценува на околу 100 милиони евра. Тој дојде во Дортмунд во 2020 година за 23 милиони евра од Бирмингем Сити.

Се вчитува...