„Белиот спорт“ воодушевен: По 3 месеци борба со „рак“, тенисерка се врати на теренот (ВИДЕО)

Шпанската тенисерка Карла Суарез Наваро е на одличен пат да го победи ракот на лимфом и да се врати на тениското игралиште. Тенисерката, која ова лето објави на социјалните мрежи дека се бори против тешка болест, започна да тренира само неколку месеци подоцна.

Непосредно пред УС Опен, таа објави дека е болна и дека ќе мора да мине низ низа терапии. Иако сите очекуваа крај на нејзината професионална кариера, само три месеци подоцна, Карла објави видео на социјалните мрежи како тренира во друштво на поранешната италијанска тенисерка Сара Ерани.

“Недела, ден за тенис. Сара Ерани, ти благодарам за тренингот”, рече Карла.

Суарез Наваро, освен ако не се предомисли, можеби нема да се врати во професионалниот тенис, но целиот свет е воодушевен од нејзината голема борба.
Инаку, Наваро досега освои три ВТА-титули, а нејзин најдобар пласман беше шестото место, до кое стигна на крајот на февруари во 2016 година.

 

Се вчитува...