Белоруска пропаганда: Нема вирус кај оној што работи чесно

Белорусија е единствената европска земја во која спортските настани се одржуваат во вообичаениот распоред. Голманот на Брест Мешков, Иван Пешиќ, во изјава за хрватските медиуми објасни каква е ситуацијата во оваа земја, во која за разлика од остатокот од Европа не владее никаква паника.

„Ситуацијата е сосема нормална, луѓето одат нормално на работа, досега нема никакви рестрикции. Сепак, ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата во иднина, во градот Витебск има многу заразени, па сите го чекаме расплетот. Луѓето се однесуваат нормално, вкупно имам видено само пет луѓе со маски. Се плашат кога ќе ги прочитаат вестите за Италија, но тоа не влијае врз нивното секојдневно однесување“, истакнува Пешиќ.

Пресуден е ставот на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој и самиот одигра хокеарски меч, а потоа изјави дека пиењето вотка е лек за корона.

„Точно е, претседателот советуваше дека со многу вота луѓето можат да се заштитат од корона. Не знам, мислам дека тоа не помага, но можеби тој е генијалец, па неговото мислење ќе е точно. Исто така и кажа дека спасот од корона е во работата, дека оној кој чесно работи не може да се зарази од овој вирус“, открива хрватскиот голман.

Се вчитува...