Бен Арфа ќе го тужи ПСЖ

Поранешниот фудбалер на Пари Сен Жермен, Хатем Бен Арфа одлучи да го тужи францускиот шампион. Додека беше член на „светците“ Бен Арфа беше во немилост на сопствениците поради неговото непримерно однесување. Тој беше исфлрен од составот, а раководството им забрани на тренерите да го внесат во тимот.

Тој смета дека во тој период не прекршил никакво правило, и пред неколку месеци упатил тужба против ПСЖ. Тој ги тужел за мобинг, дискриминација и морално вознемирување како и за уништување на кариерата. Случајот се појави и во францускиот суд и се очекува конечната одлука околу тужбата.

 

Се вчитува...