Бен Једер потпишува за Монако

Напаѓачот на Севилја, Висам Бен Једер, ќе биде ново засилување на францускиот прволигаш Монако. Тој треба да биде замена за Радамел Фалкао кој ќе се пресели во Галатасарај, а „кнезовите“ за него ќе платат 40 милиони евра.

Бен Једер ова лето се споменуваше во комбинација со многу клубови, преговараше со Манчестер Јунајтед, Милан, имаше понуди и од Кина, но на крајот најверојатно ќе заврши во Монако.

Тимот од кнежевството лошо го стартуваше новото првенство во Франција и загуби дома од Лион со 0-3.

Се вчитува...