Бенатија: Не беше пенал…Васкез: Нема дилеми, чист пенал!

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Јувентус (1-3) во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, ја одбележа ситуацијата во 93.минута.

Мехди Бенатија и Лукас Васкез се најдоа во дуел на пет метри од голот на Јувентус кој во тие моменти водеше со 0-3 и имаше резултат што носеше продолжетоци. Бенатија од зад грб го турна офанзивецот на Реал, а судијата процени дека овој контакт е доволен за пенал.

„Не беше пенал, жестоко сме оштетени. Тажни сме што ова повторно ни се случи, вака беше и минатата година против Баерн. Реал е одличен тим, но секогаш кога е неизвесно, добива помош од судиите“ – порачува трагичарот Бенатија.

Фудбалерот на Јувентус го објаснува и спорниот момент, од свој агол.

„Го заобиколив Васкез и ја допрев топката пред него. Тој падна бидејќи немаше избор во тој момент. Сите гледаат дека топката се одбива од мојата нога и менува насока. Бизарно е поради тоа да биде досуден пенал“ – вели Бенатија.

И додека фудбалерот на Јувентус избегнува да го спомене туркањето од зад грб, Васкез смета дека токму тој допир со раката бил доволен за пенал.

„Дали беше пенал? Да! Роналдо ми ја додаде топката и токму во моментот кога сакав да шутнам, тој дојде зад грб и ме собори. Нема никаква дилема дека беше пенал“ – изјави Васкез.

Напаѓачот на Реал Мадрид се осврна и на реакцијата на играчите на Јувентус по одлуката на судијата Мајкл Оливер.

„Ама, тоа е нормално, сепак се играше последната минута. Така е тоа во фудбалот…

Се вчитува...