Бенчиќ и Рибакина го сочинуваат вториот полуфинален пар на ЛОИ во Токио

Белинда Бенчиќ и Елена Рибакина го сочинуваат вториот полуфинален пар на женскиот тениски турнир на Летните олимписки игри во Токио. Швајцарката во маратонски меч беше подобра од Анастасија Павличенкова од Русија со 2-1  по сетови 6-0, 3-6 и 6-3.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Украинката, Елина Свитолина-Монфис и чешката тенисерка Маркета Вундрушова.

Се вчитува...