Бенчиќ пред десет месеци стана мајка, а сега славеше на ВТА турнир

Белинда Бенчиќ, која на крајот на април минатата година ја роди ќерката Бела, победи на турнирот од серијата ВТА 500 во Абу Даби. Швајцарката со 2-1, по сетови 4-6, 6-1 и 6-1 ја славеше над Американката Ешлин Кругер.

Швајцарката ја освои деветтата титула во кариерата.

Поранешниот словачки фудбалер Мартин Хромковиќ ја бодреше сопругата од трибините, а победата на Бенчиќ ја следеше и нивната ќерка, на која, секако, нејзината мајка и ја посвети победата.

Се вчитува...