Беневенто поведе, па за „казна“ доби „петарда“ од Рома

Рома успеа да ја надмине резултатската криза, па „волчицата“ вечерва славеше со 5-2 над Беневенто и за првпат по подолго време успеа да врзе две победи во низа и го прескокна Лацио на четвртото место на табелата.

„Фенерџијата“ Беневенто ги изненади домаќините прв доаѓајќи во водство со голот на Гилјерме, но најслабиот тим во Серија А немаше сили за сензација на „Олимпико“. Домашниот дефанзивец Фазио израмни на 1-1 во првиот дел, за во второто полувреме работите во свои раце да ги преземе Ундер. Турскиот интернационалец најпрвин му асистираше на Џеко при вториот погодок за Рома, пред 20-годишниот фудбалер самиот да погоди за 3-1 во 62. минута, а потоа да го постигне и својот втор гол осум минути подоцна.

Вториот гол за Беневенто го постигна Брињола во 76. минута, а конечните 5-2 од пенал во 92. ги постави Дефрел.

Се вчитува...