Бенфика го промаши невозможното и пропушти триумф на Ноу Камп

Несомнено е дека Бенфика можеше да загуби од Барселона на „Ноу Камп“, со оглед дека домашниот тим имаше доминација, шанси и удари кон голот на противникот, но на крајот не успеа да го „скрши“ отпорот на Португалците.

Но, откако Барса целосно се отвори, тоа создаде можност за Бенфика да дојде до својата шанса. Таа дојде во последните мигови, кога Сеферовиќ го промаши невозможното.

Тој излезе сам пред голот, го мина и Тер Штеген, имаше празен гол пред себе, со само еден играч, но наместо во мрежата, шутираше крај голот. Тешко беше за верување и за тренер Жезус кој што падна на тревата.

Се вчитува...