Бензема додаде со петица, Кашемиро погоди, Реал се одлепи од Барса

Реал Мадрид го совлада Еспањол со 0-1 на гости и обезбеди два бода предност пред Барселона на врвот на табелата во Ла Лига на шест кола до крајот на шампионатот. Тимот на Зинедин Зидан одигра рутински, ја сочува мрежата, а луцидноста на Карим Бензема беше решавачка за трите бода.

Пред самиот крај на првото полувреме, Бензема со петица фантастилчно го проигра Кашемиро на кого му остана полесниот дел од задачата, да ја затресе мрежата на Еспањол. Домаќинот најдобрата шанса ја имаше преку Давид Лопез, но Тибо Куртоа не дозволи да биде совладан.

Се вчитува...