Бензема е седми играч во „Клубот 200„ на Реал Мадрид

Карим Бензема со првиот од двата погодоци во Плзен влезе во „ексклузивниот Клуб 200“ со играчи кои постигнале најмалку 200 погодоци во дресот на Реал Мадрид.

Французинот е само седми играч во историјата на најтрофејниот европски клуб што стигнува до оваа бројка, апсолутен рекордер е Кристијано Роналдо со 451 гол, а зад него се наоѓаат уште и Раул со 323, Ди Стефано со 308, Сантилјана со 287, Пушкаш со 237 и Мексиканецот Хуго Санчез со 208 погодоци.

Воедно, Бензема го мина Руд ван Нистелрој и сега е трет најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите, со 57 погодоци во елитното европско натпреварување, зад Роналдо со 120 и Меси со 105.

Се вчитува...