Видео: Бензема е трагичарот на Реал, Зидан се изнервира крај аут-линијата

Карим Бензема е трагичарот на Реал Мадрид на вечерашниот дуел со Валенсија (2-2), откако Французинот промаши се што можеше да се промаши на мечот на „Сантијаго Бернабеу“. Тој два пати од одлични позиции го погоди дирекот, уште неколку пати не се снајде кога имаше можност да постигне гол, но најсериозната шанса ја промаши во 88. минута, кога по една мешаница топката дојде до него на пет-шест метри од противничкиот гол, но тој шутираше крај дирекот.

Karim Benzema Missed Amazing Chance HD – Real… by fififilive

Од ова огромно промашување се разочараа сите домашни фанови на стадионот, но најмногу Зинедин Зидан, кој не можеше да поверува дека неговиот сонародник не ја смести топката во мрежата.

Се вчитува...