Бензема ги крена навивачите на нозе: „Кога ќе дојде Мбапе, Реал ќе постигнува двојно повеќе голови“

Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец Карим Бензема во интервју за „Л’Екип“, ги крена навивачите на „кралевите“ на нозе, најавувајќи дека трансферот на Мбапе е готова работа, и дека тој ќе пристигна на „Сантијаго Бернабе“. Иако вчера се појави информација дека Мбапе би можел да остане во Париз, сепак, Бензема вели дека кога Мбапе ќе дојде на „Сантијаго Бернабе“, Реал ќе постигнува двојно повеќе голови.

На Мбапе договорот му истекува на лето, и според шпекулациите треба да дојде во Реал. Мбапе одамна се поврзува со трансфер во „кралевите“ а Парижаните во зимскиот преоден рок ги одби сите понуди од Реал.

Насловната на „Л’Екип“ ја сподели спортскиот новинар Фабрицио Романо.

Се вчитува...