Бензема го надмина Ван Нистелрој на вечната листа во Лигата на шампионите

Францускиот интернационалец Карим Бензема од синоќа е четврти најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите. Тој учестуваше со еден погодок во триумфот на „кралевите“ против Плзен од 2-1, а тоа беше негов 57. гол во елитното европско клупско натпреварување. Со тоа го остави зад себе холандскиот ас Руд ван Нистелрој, кој своевремено исто така го носеше и дресот на Реал Мадрид, и во кариерата постигна 56 гола во ЛШ.

Најдобрата „тројка“ ја сочинуваат Кристијано Роналдо (120), Лионел Меси (105) и Раул Гонзалес (71).

Се вчитува...