Бензема го реши Шахтјор и испиша историја, Милан повторно не победи (ВИДЕО)

Реал Мадрид на „крилата“ на Карим Бензема славеше со 2-1 против Шахтјор во натпревар од 4. коло во фудбалската Лига на шампиони. Токму Карим Бензема беше стрелец на двата гола за „кралевите“ во 14. и 61., а првиот беше вкупно „1000“ за Реал Мадрид во Лигата на шампионите, со што станаа првиот тим на кој стигнал до овој јубилеј.

Единствениот погодок за тимот од Доњецк го постигна Фернандо во 39. минута.

Милан и во четвртиот натпревар сезонава не стигна до победа и одигра само реми против Порто 1-1. Португалците поведоа со голот на Дијаз во 6. минута, додека конечните 1-1 беа поставени со автоголот на Мбемба во 61. минута.

 

 

 

 

Се вчитува...