Бензема го совлада Столе Димитриевски, Реал минимално го победи Рајо Ваљекано

Реал Мадрид минимално (1-0 го совлада Рајо Ваљекано на „Сантијаго Бернабеу“. Францускиот интернационалец Карим Бензема беше стрелец на победничкиот погодок за „кралскиот клуб“, а на голот на гостите беше македонскиот репрезентативен чувар на мрежата Столе Димитриевски. Тој имаше неколку одлични интервенции, но не можеше да стори ништо при ударот на Бензема во 13.минута, кога беше одлично проигран од Лукас Васкез. По ова Французинот и се повреди во второто полувреме.

Во завршницата, Рајо Ваљекано имаше одлична можност за израмнување, но триумфот го спаси Тибо Куртоа.

Реал Мадрид по оваа победа се искачи на четвртата позиција на табелата во Ла Лига со 26 освоени бода.

Се вчитува...