Бензема: Моја работа е да давам голови, секогаш се трудам да ги израдувам навивачите

Реал Мадрид обезбеди ново финале во Лигата на шампионите и ќе го брани трофејот во Киев, откако го елиминира Баерн Минхен (вкупно, 4-3) во тежок и неизвесен полуфинален двомеч. Синоќа на „Сантијаго Бернабеу“ блесна Карим Бензема, кој добиваше многу критики за своите игри во изминатиот период. Но, Французинот одигра одличен меч токму кога беше најпотребно.

„Среќни сме, повторно ќе бидеме дел од големото финале. Се надевам и дека третпат ќе успееме да го одбраниме трофејот во ЛШ. Беше тешко, Баерн Минхен беше одличен ривал, со тешки маки успеавме да стигнеме до целта. Постигнав два гола, но тоа е плод на играта на целиот тим. Мојата работа е да давам голови и се трудам тоа да го правам на секој меч, некогаш тоа оди многу тешко, некогаш ќе имаш среќа и ќе искористиш подарок од противникот. Во секој случај, секогаш се трудиме да ги израдуваме нашите фанови и голема работа е што третпат по ред ќе играме во големото финале на ЛШ“, изјави Карим Бензема.

Се вчитува...