Бензема: Мојот потег е важен само затоа што Кашемиро даде гол

Реал Мадрид го совлада Еспањол и се одлепи со два бода предност на врвот на табелата во Ла Лига, а потегот на мечот го направи Карим Бензема кој со луцидно додавање со петица му подготви супер – шанса за реализација на Кашемиро. Французинот смета дека сепак најважно од се е што „кралевите“ остварија триумф со кој направија голем чекор напред во трката за титулата, посебно што Барселона киксна на гостувањето кај Селта.

„Кашемиро добро го прочита моето додавање. Беше тоа добар потег, но важен е само затоа што постигнавме гол, а тоа ни донесе победа против Еспањол. Секако дека ги следиме и резултатите на Барселона, но сепак сме фокусирани на нашите игри. Сега се зависи од нас до крајот на сезоната. Ако победуваме, титулата ќе биде наша“, изјави Карим Бензема.

До крајот на првенството во Примера остануваат уште шест кола, а следен предизвик за Реал Мадрид е Хетафе.

Се вчитува...