Бензема не се појави на суд, Валбуена откри како го уценувал

Во судот во Версај почна судењето на Карим Бензема и четворица мажи кои се обвинети дека во 2015 година со секс снимки го уценувале соиграчот на Бензема и репрезентативец на Франција, Карим Бензема.

Судењето почна без асот на Реал Мадрид кој вчера беше дел од тимот на „кралевите“ на мечот против Шахтјор Доњецк. На рочиштето Матју Валбуена откри како бил уценуван од групата на луѓе меѓу кои бил и Бензема.

„Прво не можев да верувам, мислев дека е блеф. Немаше разговор за износот, туку имаше закана дека имаат нешто за мене. Сопствениците на видеото се големи насилници ми говореше Бензема, додавајќи ми дека може да ме запознае со пријател на кој му верува како би можеле да го решат проблемот“, изјави Валбуена. 

Се вчитува...