Бензема: Не сме загрижени за формата, Франција допрва ќе го покаже најдоброто

Француската фудбалска репрезентација по неуспехот на ЕВРО 2020, продолжи со слаби партии и во квалификациите за Мундијалот во Катар. „Триколорите“ по ремито со БИХ, одиграа повторно без победник и со Украина. Сепак, ова не го загрижува Карим Бензема.

Напаѓачот на Реал Мадрид изјави дека Франција допрва ќе го крене квалитетот на игра, а резултатите сами по себе ќе следуваат.

„Не би рекол дека имаме причина за загриженост. Знаеме дека натпреварите стануваат се потешки и дека треба да го подигнеме темпото на игра. Наше е да направиме разлика на теренот. Мислам дека го имаме потребниот квалитет кај репрезентативците и добрите резултати допрва ќе следуваат“, потенцираше напаѓачот на Франција.

Се вчитува...