Бензема: Немој да му додаваш на Винициyс, зар не гледаш тој игра против нас (ВИДЕО)

Реал Мадрид сезонава се соочува со големи проблеми како на теренот, така и надвор од него. По видео-снимката на која Иско го озборува Зидан, нов проблем се јави во соблекувалната на „кралевите“. Реал во првите два меча во Лигата на шампионите, едвај извлече еден бод во мечевите со Шахтјор Доњецк и Борусија Менехенгладбах. Против германскиот тим беше прилично непријатно пред соблекувалната на мадридскиот тим, каде камерите го фатија Бензема како го озборува Винициус. Тој на сонародникот Менди наводно му кажа да не му додава на Бразилецот бидејќи тој игра за противникот.

„Подај ми мене. Се колнам во мајка ми тој игра против нас“, наводно Бензема му кажува на Менди. 

 

Се вчитува...