Бензема одговори: Дозволете ми да играм за друга репрезентација, па ќе видите…!

Претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел Ле Грат јавно го прозва Карим Бензема нагласувајќи дека „тој е магаре за кого вратите во репрезентацијата засекогаш се затворени“.

Офанзивецот на Реал Мадрид поради скандалот со уценување на соиграчот Валбуена од 2015 година е исфрлен од репрезентацијата, а сега се одлучи веднаш да му одговори на првиот човек на францускиот фудбал.

„Ноел, јас мислев дека ти никогаш не се мешаш во изборот на селекторот. Знај дека јас сум единствениот кој може да ја заврши репрезентативната кариера. Ако мислиш дека сум готов, дозволи ми да играм за некоја друга репрезентација па ќе видиме“ – напиша Бензема на Твитер.

Бензема никогаш не ги призна обвиненијата за уценување на Валбуена обвинувајќи го дека измислил се. Французинот во моментов е водечки стрелец во Ла Лига.

Се вчитува...