Бензема се израмни со Меси и обезбеди место меѓу бесмртните

Карим Бензема беше стрелец на првиот гол на Реал Мадрид во ремито против Борусија Менхенгладбах од 2-2. Французинот со овој гол обезбеди место меѓу бесрмтните во Лигата на шампионите, бидејќи стана единствениот фудбалер покрај Лионел Меси што постигнува голови во 16 сезони во низа во елитното натпреварување.

Бензема првиот гол во Лигата на шампионите го постигна пред шеснаесет години во дресот на Олимпик Лион, а вечерва успеа 16 година по ред повторно да биде стрелец.

 

Се вчитува...