Бензема: Во Лондон сакавме да покажеме дека ние сме Реал Мадрид

Реал Мадрид ја доби првата четвртфинална пресметка со актуелниот шампион на Европа, Челси откако славеше во Лондон со 1-3. Херој на гостите од Мадрид беше Карим Бензема кој го предводеше својот тим со хет-трик, стрелајќи во 21, 24 и 46. минута.

По натпреварот францускиот репрезентативец изјави дека Реал Мадрид имал само една цел во Лондон – победа, а и дека е среќен поради хет-трикот поготово по промашената сто отстона шанса во првото полувреме.

„Постојат магични ноќи како онаа против ПСЖ, но денеска излеговме на теренот за да победиме, да покажеме кои сме. Дека ние сме Реал Мадрид. Работите се одвиваа како што треба од првата минута и заслужено славевме. Пресреќен бев кога го постигнав третиот гол, поготово дека промашив еден во првото полувреме“, изјави Бензема.

Се вчитува...