Берахино на мака: Даде еден гол за 913 дена, ама доби три бебиња од три различни жени

Саидо Берахино пред две години беше на чекор до трансфер во Манчестер сити, но на крајот се одлучи за Стоук и сега настапува во Чемпионшип дивизијата. Поранешниот соиграч на Горан Попов од Вест Бромвич Албион има постигнато само еден гол во изминатите 913 денови, но затоа „забива“ во приватниот живот. Но, и тоа му се удри од глава.

Берахино е на мака, со оглед дека доби хет трик од бебиња во изминативе неколку месеци, и тоа од три различни жени. Фудбалерот кој потекнува од Бурунди сега не знае на која жена и на кое бебе побрзо да се посвети.

Првата мајка е неговата поранешна вереница Стефанија Кристофору (27), која се породи на 30 мај и на свет го донесе првиот син Коста. Според англиските медиуми, Берахино ја откажал свадбата со Стефанија на Денот на вљубените, откако двајцата имале жестока караница.

Втората мајка е негова девојка од детството, чие име не се споменува во медиумите. Таа работи како медецинска сестра и на 15 јули родила девојче. Само два дена подоцна, се породи и неговата сегашна девојка, Челси Лавлејс, која исто така на свет донесе девојче, Анија – Мари Лавлејс – Берахино.

Од овие маки, Саидо Берахино не може комплетно да се фокусира на фудбалот. Трпи неговата кариера, а тој никако не може да постигне гол…

Се вчитува...