Играчот на Тиквеш, напаѓачот Берат Садик на 39 години се реши да стави крај на кариерата. Садик денеска настапи за последен пат во тимот од Кавадарци на мечот со Работнички, откако влезе во вториот дел.
Садик е роден во Скопје, но имаше фински пасош и настапуваше за селекцијата на Финска, во совјата кариера играше за клубпти како Купс, Лахти, настапуваше за Арминија Билефелд, потоа во Зулте Варегем, па во Лахти, Хелсинки, Тун, Крилја Совјетов, Докса, Химанстик, Анортозис, Енозис и Докса, пред да се пресели во Тиквеш.
„Му благодариме за посветеноста, професионалноста и сè што даде за клубот. Чест ни беше што беше дел од нашето семејство. Еднаш наш – засекогаш наш!“, напиша Тиквеш на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
