Бердих го отпушти Горан Иванишевиќ

Томаш Бердих ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ по серијата слаби резултати што чешкиот тенисер ги имаше на последните турнири. Тој во меѓувреме падна на 14. место на АТП-листата, а на Ролан Гарос беше елиминиран во второто коло од рускиот тенисер Карен Качанов со максимални 0-3 во сетови.

Горан и јас повеќе нема да соработуваме. Уживав во заедничкото време и ќе останеме големи пријатели. Му посакувам се најдобро во иднина, а јас ќе се обидам да ги остварам своите цели со тимот што моментно го имам на располагање“ – напиша Бердих на својот твитер-профил.

Иванишевиќ, кој претходно го тренираше Марин Чилиќ, работеше со Бердих од 15 август минатата година.

Се вчитува...