Беретини е последен полуфиналист на Вимблдон

Италијанецот Матео Беретини е последниот полуфиналист во машка конкуренција на годинешното издание на Вимблдон откако во четвртфиналето славеше над Канаѓанецот, Феликс Оже Алиасим со 3-1 по сетови 6-3, 5-7, 7-5 и 6-3.

Откако си поделија по еден сет, клучен во мечот беше третиот кој Италијанецот успеа во финишот да го добие со 7-5 и до крајот само рутински да го приврши мечот во четвртиот сет.

Во полуфиналето Беретини за противник ќе го има Полјакот, Убер Хуркач кој го декласираше Роџер Федерер со максимални 3-0. Во второто полуфинале Новак Ѓоковиќ ќе игра против Денис Шаповалов.

Се вчитува...