Беретини: Не сум изненаден што сум во полуфиналето

Италијанскиот тенисер Матео Беретини со голема самодоверба дојде на Вимблдон, порачувајќи дека пласманот во полуфиналето не е изненадување за него.

Беретини во четвртфиналето го совлада Феликс Огер-Алиас со 6:3, 5:7, 7:5, 6:3 и ќе игра полуфинале на Вимблдон за првпат во кариерата.

„Јас сум премногу среќен. Особено затоа што натпреварот беше исклучително тежок, а јас не се чувствував одлично, особено по првиот сет. Задоволен сум“, рече Матео.

Тој во борбата за финалето ќе игра против Хуберт Хуркак.

„Ќе биде непријатно против Хуберт. Тој го победи Данило, па Роџер, се гледа дека има одлична сезона. Но, сакам да уживам во овој турнир малку повеќе. Имам една цел, пласман во финалето“, додаде Беретини.

Се вчитува...