Беретини: Затоа Новак е најдобар тенисер на сите времиња

Италијанскиот тенисер Матео Беретини успеа да освои сет против Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на УС опен. Беретини по мечот изјави дека и овој меч е доказ зошто Новак е најдобриот тенисер на сите времиња.

„Повторно тежок натпревар како и секогаш против Новак. Чувствував дека сум добро и мислам дека играв добро. Но, тој го има тоа, нешто што го прави најдобар играч на сите времиња. Не е важно како играш, тој секогаш ќе одигра подобро од тебе“, изјави Беретини. 

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Германецот, Александар Зверев од кого загуби во истата фаза на Летните олимписки игри во Токио.

Се вчитува...