Берге: Македонија го има Лазаров, го има и Червар, тие знаат како да победуваат…

arbervil baner

Селекторот на Норвешка, Кристијан Берге повикува дека треба да се смири задоволството меѓу неговите сонародници откако беше дознаено дека ќе играат против Македонија во осминафиналето на Светското првенство во Франција.

Дел од норвешката спортска јавност вчера позитивно реагираше на информацијата дека ќе се сретнат со Македонија, но Берге повикува на максимална претпазливост.

„Немој да се залажуваме дека ќе биде лесен натпревар. Напротив. Македонија го има еден од најдобрите европски ракометари Лазаров, но го има и еден од најдобрите светски тренери Лино Червар. Тоа што е заедничко за двајцата е што сакаат, но и знаат, да победуваат“ – вели Берге, и дополнува:

„Македонија на првенството игра со седум ракометари во напад. Тоа е новина која ја воведе Червар и може да кажам дека се успешни во тоа. Ние ја носиме фаворитската улога но ќе треба да ја оправдаме на терен. Добро сме подготвени, во секој случај, и мислам дека ќе успееме да одиграме квалитетен натпревар и да се пласираме во четвртфиналето“.

Се вчитува...