Берлускони го кани Ибрахимовиќ да игра за Монца во третата италијанска лига

Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони, сака да го доведе Златан Ибрахимовиќ како дел од новиот проект и да му помогне да ја внесе Монца во Серија Б. Берлускони и Галијани сега се на чело на италијанскиот третолигаш Монца и имаат големи амбиции да го одведат овој клуб во елитата. Тренерот на Монца е Кристијано Броки, поранешниот фудбалер на Милан, а за тимот настапува уште еден некогашен играч на „росонерите“, Габриел Палета.

„Точно е. Берлускони и Галијани разговараа со Ибра околу неговото евентуално доаѓање, на маса имаше сериозни разговори, но не ги знам деталите. Тие му понудија на Ибрахимовиќ да биде сериозен дел од проектот кој треба да ја одведе Монца во Серија А“, открива Кристијано Броки.

Монца моментно е првопласирана во Серија Ц и најавува пласман во Серија Б. Со добар тим и добра организација во клубот можно е по само две сезони да биде дел од најдоброто италијанско друштво.

 

 

Се вчитува...