Берлускони најави: Повторно ќе го купам Милан!

Пред една година Силвио Берлускони го продаде Милан по 31 година како сопственик на клубот. Италијанскиот политичар тврдеше дека не може повеќе да се натпреварува со богатите европски клубови, а на Милан му е неопходен нов сопственик кој ќе го врати во светскиот врв.

По долг процес на крај кинески конзорциум го купи за 740 милиони евра, а Берлускони отстапи по 29 освоени трофеи со великанот од „Сан Сиро“.

Но, и покрај вложувањата на Кинезите од 231,2 милиони евра на нови засилувања, за Милан воопшто не „цветаат рози“. И натаму е далеку од врвот во Италија, а не пак да се бори за самиот европски врв.

Сето тоа значи дека Кинезите би можеле да го продадат Милан, а меѓу заинтересираните и е токму Силвио Берлускони, кој сензационално најави дека повторно би можел да го купи клубот.

„На изборите во Италија, мојата ‘Форца Италија’ освои само 14,5% од гласовите. По истражувањата дојдовме дека една од главните причини за тоа е што го продадов Милан. Навивачите на клубот сметаат дека го продадов Милан и си ги однесов парите дома, и дека јас сум виновникот за еден ваков Милан“ – вели Берлускони и дополнува:

„Ако вака се продолжи, порано или подоцна ќе го купам Милан“ – категоричен е 82-годишниот Силвио.

Се вчитува...