Берлускони не се шегува: Монца оди во мисија на освојување на Скудето, а потоа и титулата во Лигата на шампионите!

Пласманот на Монца во италијанската Серија А, е посебно интересен, имајќи предвид дека на чело на клубот е поранешниот италијански премиер и некогашниот сопственик на Милан Силвио Берлускони и неговиот брат Паоло, а тука е и спортскиот директор Адријано Галијани.

Клубот Монца постои 110 години, а за првпат ќе игра во Серија А. Тие се 69-ти различен клуб кој станал прволигаш, а 12-ти од провинцијата Ломбардија во која припаѓа и градот Милано.

Силвио беше прв човек на Милан, „росонерите“ доминираа во Италија и Европа. За целите на Монца во иднина Берлускони ги претстави своите големи амбиции.

„Ова е моја втора голема радост сезонава, првата беше титулата на Милан. Ќе биде убаво и емотивно да се гледа меч на Монца и Милан, едвај чекам. Навикнат сум на победи во животот. Сега откако влеговме во Серија А, одиме во мисија да го освоиме Скудетото, а потоа ќе ја нападнеме титулата и во Лигата на шампионите“, потенцираше Берлускони.

Се вчитува...