Берлускони со совет до Гатузо: Играј со двајца напаѓачи!

Силвио Берлускони го продаде Милан на кинеските инвеститори, но и понатаму секој натпревар доаѓа на „Сан Сиро“ и го гледа својот тим, чиј газда беше цели 30 години. Сега е во улога на почесен претседател на клубот, нема право да носи одлуки, но има совет за новиот тренер Џенаро Гатузо.

„Јас би сакал да гледам многу поофанзивен Милан. Верувам дека тоа го сакаат и навивачите. Би го советувал Џенаро да игра со двајца класилни напаѓачи. Сега сме многу ’меки’ со противниците, Сусо и Бонавентура се премногу далеку од противничкиот гол и тоа не носи резултати. Кога Милан ќе истрча на теренот на противниците треба да им се тресат нозете. Така беше некогаш, кога јас имав комплетна контрола на клубот“, изјави Силвио Берлускони.

Се вчитува...