„Бернабеу“ на нозе – Роналдо донесе водство на Реал

Реал Мадрид по само десет минути игра поведе на полуфиналниот дуел од ЛШ против Атлетико, откако Роналдо ја продолжи одличната голгетерска серија од четвртфиналињата со Баерн и го донесе својот тим во водство.

Португалецот се најде на вистинското место по уфрлањето на Кашемиро и со прецизен удар со глава од непосредна близина успеа да го матира Јан Облак.

Се вчитува...