Бертенс го најде лекот за Халеп

Кики Бертенс оствари огромен успех откако по голема битка славеше над Симона Халеп со 2-1 во сетови, закитувајќи се со трофејот на турнирот во Синсинати.

Холандската тенисерка губеше со 0-1, а потоа и спаси меч-топка во тајбрејкот од вториот сет, за во решавачкиот сет да ја преслуша првата носителка со убедливи 6-2. Со тоа Бертенс ја прекина серијата од девет победи на Халеп, спречувајќи ја Романката да стане првата тенисерка по 1976 година што успеала во низа да триумфира во Монтреал и во Синсинати.

Се вчитува...