Бертенс ја совлада Стивенс и закажа финале со Халеп во Мадрид

Кики Бертенс од Холандија е втората финалистка на ВТА премиер турнирот во Мадрид, откако во полуфиналето ја совлада Американката Слоун Стивенс со 2-0, по сетови 6-2 и 7-5.

Холанѓанката доминираше во првиот сет, добивајќи го со 6-2 за само 30  минути игра. Во вториот сет следеше поголем отпор од Стивенс, кој Бертенс успеа да го сруши во самиот финиш и да го освои со 7-5.

Бертенс ќе има втора шанса да ја освои титулата во Мадрид, откако минатата година беше поразена од чешката тенисерка Петра Квитова.

Во финалето Бертенс ќе игра против Симона Халеп, која во првиот полуфинален дуел ја совлада Белинда Бенчиќ од Швајцарија со 2-1, по сетови 6-2, 6-7 и 6-0.

Се вчитува...