Бесар Исени го напушти Вардар!

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Бесар Исени е уште еден фудбалер кој оваа зима си замина од редовите на Вардар.

21-годишниот Исени утрово не замина со вардаровата експедиција на подготовките во Аланија, Турција. Според нашите информации, веќе поднел барање за раскин на договорот со Вардар поради неисплатени финансиски обврски кон него, и е на пат да го засили Работнички.

Исени во Вардар дојде во јули 2017 година од редовите на Шкупи, притоа настапувајќи за „црвено-црните“ и на натпреварите од групната фаза во Лигата на Европа.

Се вчитува...