Бесар Исени, по една година во Вардар, си се врати во Чаир… (ФОТО)

Шкупи и официјално го промовираше и најавеното засилување од Вардар, фудбалерот од средниот ред Бесар Исени.

22-годишниот Исени всушност по една година мината во Вардар повторно се враќа во Чаир, каде треба да помогне на тимот во трката за европски излез.

„За мене е посебно задоволството што повторно се враќам во мојот Шкупи. Благодарам на раководството за укажаната нова доверба и за можноста да го носам дресот со број 10. Чест ми е што ќе бидам со група фудбалери докажани со својот квалитет, и среќен сум што ќе работам под раководство на Умит Каран“ – изјави Исени по промоцијата во новиот дрес.

Исени веднаш се приклучува на тимот на подготовките во Анталија каде ќе ги одигра и остатокот од закажаните пријателски натпревари.

Се вчитува...