Бесарт Ибраими стрелец на два гола за Ксанти

Македонскиот фудбалски интернационалец, Бесарт Ибраими продолжува со одличните игри во дресот на грчки Ксанти. Неговиот тим денеска славеше над Кавала со убедливи 0-6, а еден од стрелците за клубот беше токму Ибраими.

Поранешниот напаѓач на Шкендија и најдобриот стрелец во историјата на Првата македонска фудбалска лига, постигна два гола во убедливата победа на неговиот клуб. Првиот беше дело во 6. минута за 0-2, додека вториот го постигна осум минути подоцна за 0-3.

Се вчитува...