Бесарт Ибраими стрелец на два гола за својот Ксанти

Бесарт Ибраими беше стрелец на два гола за својот Ксанти во победата над Трикала со 4-0 во натпревар од 9. коло во Вторага лига на Грција.

Најдобриот стрелец во историјата на македонскиот шампионат продолжува со неверојатните партии во грчката лига, а двата гола ги постигна во 41. и 62. минута од натпреварот.

Ксанти во моментов се наоѓаат на чело на табелата во Втората лига група А со бод повеќе од второпласираната Верија.

 

 

Се вчитува...