Беше на мета на „големите“, а сега ќе оди во Хофенхајм на позајмица

Играчот на Лајпциг, Анхелињо е блиску до преселба во редовите на Хофенхајм. Двете страни се договориле на позајмица на една година, со право на откуп за 20 милиони евра по завршувањето на сезона.

Шпанскиот лев бек беше на „мета“ на големите клубови. За него се интересираа Барселона, Баерн Минхен, Ливерпул и некои други клубови, но во последно време е далеку од посакуваната форма. Анхелињо беше дел од Манчестер Сити, па мина една сезона на позајмица во Лајпциг, каде што одигра брилијатно, па се шпекулираше и на негово враќање во Сити, но „граѓаните“ се откажаа од неговиот „кам-бек“.

Во 2021 година Анхелињо беше откупен од страна на Лајпциг, и потпиша четиригодишен договор. Меѓутоа после година и пол си заминува и оди на позајмица. Ангелињо треба да биде замена за Раум, кој што замина токму од Хофенхајм во Лајпциг.

Се вчитува...